Инфантино: Ми доаѓа да плачам што Италија нема да игра на Мундијалот
Денес во Катар ќе бидат формирани групите за фдбалскиот Мундијал кој ќе се одигра кон крајот на годинава.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино жали што Италија нема да биде дел од мундијалот.
„Како искрен фудбалски фан, ми доаѓа да плачам што Италија нема да игра. Тоа е втор мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и ако се пласираат на наредниот тоа ќе значи дека ќе играат Светско првенство по 12 години што е голем шок за таква велесила“, вели Инфантино.