Инфантино: Мундијал на секои две години може да донесе само нешто добро

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и натаму го брани својот план Светското првенство да се одржува на секои две години. За време на посетата на Венецуела, земја која во својата историја никогаш не се квалификувала за Светско првенство, тој вели дека двогодишниот проект за Светското првенство, е реална опција.

„Нашата работа во ФИФА е постојано да размислуваме како можеме да го подобриме фудбалот во светот, да го направиме фудбалот вистински глобален спорт. Претседателот на ФИФА е претседател на 111 земја и сите овие земји имаат право да сонуваат. Тие, исто така, мора да бидат способни да го остварат овој сон, бидејќи ако треба да сонувате засекогаш, на крајот претпочитате да правите други работи“, изјавил првиот човек на светскиот фудбал.