ИН МЕМОРИАМ: Почина битолсклата кошаркарска легенда Зоран Петковски

Кошаркарска Битола денес остана занемена по веста дека остана без Зоран Петковски, еден од синонимите на спортот со портокаловата топка во „градот на конзулите“.
Македонската кошарка остана без уште еден свој член, некогаш дел и од младинските репрезентации на нашата држава. во генерацијата предводена од Митко Луковски.
Во својата богата играчка кариера, долга скоро дваесетина години, која почна во 1995 година, каде, ако не во Битола, играше и за екипите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер, Радовиш, Хераклеа….
Петковски ќе биде вечно во меморијата на кошаркарските вљубеници, особено, во кошаркарскиот клуб Пелистер со кој обезбеди промоција во Првата македонска лига, а подоцна беше и дел од раководството на клубот од неговата Битола.