Иранецот Тареми следна трансфер цел на Јунајтед

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше и пропадна во последен момент.
Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Порто.
Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и е спремен да плати 10 милиони евра за да го доведе Тереми во јануари. Тен Хаг има проблем со реализацијата, Хојлунд не ги оправдува очекувањата, па сака искусен голгетер.