Иранецот Тереми прва опција за нападот на Милан

Милан е во потрага по напаѓач за следната сезона, а на врвот на листата желби е Мехди Тареми од Порто.

Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а преговорите со Порто се во напредна фаза.

Првата понуда на Милан од 15 милиони евра била одбиена бидејќи Порто за слободата на Тареми бара 20 милиони евра.

Сепак, се очекува двата клуба да ја надминат разликата во следните денови.