Иранските власти покренаа постапки против своите навивачи

Властите во Иран покренаа постапки против навивачите кои ја исвиркаа националната химна на стадионот за време на натпреварот од Светското првенство против Нов Зеланд во Инглвуд. Според порталот „Нур њуз“, веќе постои список на идентификувани поддржувачи против кои се водат постапки во Иран. Доколку се докаже нивната вина, ќе им биде замрзнат имотот во земјата.

Многу ирански навивачи, кои присуствуваа на мечот што заврши 2-2, го носеа старото државно знаме со сонце и лав, која стана симбол на протестите против режимот. Овие поддржувачи категорично го отфрлаат сегашното знаме на Исламската Република, како и химната.

Самите навивачи на американските медиуми им изјавија дека целосно го поддржуваат иранскиот тим, но не и режимот во Техеран.