Ирвинг спремен да го облече дресот на Австралија

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина да го носи дресот на австралиската кошаркарска репрезентација, што би било огоромно засилување за репрезентацијата која веќе има исполнет состав во кошаркари кои настапуваат во најсилното натпреварување.
Ирвинг е роден во Австралија каде неговиот татко играл професионална кошарка па постои можност за промена на кошаркарското државјанство, откри и самиот бек.
„Разгледуваме опции и го бараме најдобариот начин за да се случи тоа. Очигледно, одлука мора да донесе и САД, но јас го сакам само најдоброто за себе. Ако можам да бидам Австралиец во овој дел од кариерата и ако можам да играм за Австралија тоа би било фантастично“, изјави Ирвинг.