Исак за трет најскап трансфер во историјата премина во Ливерпул

Трансферот на напаѓачот Александар Исак од Њукасл во Ливерпул стана трет најскап во историјата на светскиот фудбал. Шведскиот напаѓач му се придружи на клубот од „Енфилд“ за 125 милиони фунти (145 милиони евра).
Само два трансфери досега беа поскапи: трансферите на Килијан Мбапе од Монако и Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен. За Французинот беа платени 180 милиони евра, а за Бразилецот 222 милиони евра.
Да потсетиме дека трансферот на Исак стана и најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал. Претходниот рекорд за трансфери исто така му припаѓа на тимот на Арне Слот. Офанзивниот играч за врска Флоријан Вирц го напушти Баер Леверкузен и се пресели во Ливерпул за 125 милиони евра.