Исак ќе биде подготвен за финалето со Ливерпул

И покрај сите шпекулации за тежината на неговата повреда, голгетерот на Њукасл, Александар Исак тренираше со своите соиграчи вчера. Тоа е добар знак за фановите на Њукасл кои го очекуваат неговиот старт на финалениот меч од Лига Купот против Ливерпул.

Според информациите на Скај Спортс, охрабрувачко е тоа што Исак вчера се појави на тренингот на тимот и бил „добро расположен пред претстојните натпревари“.

25-годишниот напаѓач беше сликан со една бандажирана повреда под десното колено што веројатно малку загрижува, но прогнозите се дека тој ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул во битката за првиот трофеј сезонава.