Исак ќе замине ако Њукасл не се пласира во ЛШ

Корпулентниот голгетер, Александар Исак, ќе го напушти Њукасл во летниот трансфер период доколку англискиот состав не обезбеди место во Лигата на фудбалските шампиони за наредната сезона.

Тој добил дозвола од челниците на тимот да ја промени средината доколку „враните“ не успеат да се пласираат во елитната конкуренција во Европа.

За одличниот напаѓач се заинтерсирани екипите на Ливерпул и Челзи а неговата трансферна вредност е околу 100 милиони евра.