Иско: Бетис треба да собира донации за да го задржи Антони

Антони игра како препороден откако од Манчестер јунајтед се пресели во Бетис, вчера имаше уште една одлична партија.

Бразилецот го одигра целиот меч од градското дерби меѓу Бетис и Севиља кој го доби неговиот тим со 2-1.

По мечот стигнаа пофалби за Антони од Иско кој вели дека треба да се обидат да најдат начин како да го откупат.

„Сега ќе ни биде потребно да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони“, рече Иско.

Иако Антони беше разочарување во Манчестер јунајтед, не се очекува дека англискиот клуб лесно ќе го продаде, особено по неговите одлични перформанси во Бетис.