Иско се сели од Севиља во Бетис
Иско Аларкон чекаше вистинска понуда за да го одгатне прашањето за својата фудбалска иднина, која беше и тоа како неизвесна во изминатите шест месеци откако раскина со Севилја.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид на крајот на минатата седмица сериозно се поврза со Реал Сосиедад како замена за тешко повредениот Давид Силва, но во изминатите 48 часа дошло до голем пресврт и Иско сега е пред промоција во Бетис.
Иско дал зелено светло за трансфер во лутиот градски ривал на Севилја и сигурно ќе го навлече гневот меѓу фановите на поранешниот клуб, а доказ за тоа се сликите кои пристигнуваат од медицинските тестови.
Најугледните медиуми како „Марка“ и „АС“ тврдат дека Аларкон ги минал лекарските прегледи и како слободен агент ќе потпише за Бетис, што значи дека клубот експресно најде замена за ѕвездата која си замина пред два дена.