Исланд протестира до ЕХФ за пропусти во организацијата

Нови проблеми за организаторот на завршницата на Европското првенство и за ЕХФ. Првите стигнаа од Хрватска, а сега реагираа и од Исландската федерација. Исланд го загуби полуфиналето од Данска (28-31) и утре ќе игра против Хрватска за третото место.

Од таборот на Исланд упатија реакција до ЕХФ и барање подоцна да бидат присутни на денешните обврски кон медиумите (организирани од домаќинот и ЕХФ). Тие во своето образложение реагираа дека се сместени надвор од Хернинг во хотелот стигнале по полноќ, а дел од играчите по масажите одморот (си легнале) го имале дури во четири часот. Според исландските медиуми пренесуваат дека обврските биле во 10 часот наутро.

Нивното барање за пролонгирање било одбиено од страна на ЕХФ, па така Исланѓанецот на клупата на Хрватска Дагур Сигурдсон не е единствениот што реагираше.

ЕХФ веќе најави дека ќе има промени, па така нема да има случај како што беше со Хрватска и Исланд во два дена да играат два натпревара.