Исланѓанецот Гудмундсон суспендиран поради сексуално насилство

Фудбалерот на Џенова и на селекцијата на Исланд, Алберт Гудмундсон, е суспендиран од националниот тим на „рибарите“ поради обвинувања за сексуално насилство.
Против напаѓачот на италијанскиот состав е поднесена жалба од страна на жена која работи за репрезентацијата на Исланд.
Весникот наведува дека фудбалерот ги негира обвинувањата а Обвинителството и полицијата работат на случајот.