Истатов со рекодна победа во Првата женска фудбалска лига

Во Првата женска фудбалска лига викендов на програмата беше некомплетното трето коло.
Во четири одиграни меча по две победи за гостинските и домашните екипи, а најубедлив беше составот на ЖФК Истатов со триумфот од 11-0 во соочувањето со ЖФК Вардар.
По два пати меѓу стрелците се впишаа Севим Иљаз, Кристина Петрушевска и Меланија Грозданова, а по еден погодок постигнаа Ива Здравевска, Елма Шемсовиќ, Миа Головска и Андреа Коловска.
Гостинска победа забележа ЖФК Топ Гол по триумфот над ЖФК Речица со 5-3.
ЖФК Скопје ја совлада ЖФК Тиверија Брера со 2-1 додека АС Јунајтед славеше над ЖФК Каменица Саса со 2-0.
Поради настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионките, ЖФК Љуботен натпреварот против ЖФК Кочани ќе го одигра на трети септември.