Историја за Шифрин: Го освои деветтиот кристален глобус!

Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.

Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.

Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.

Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.

Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.