Италијанецот Лиши е нов тренер на Осасуна

Италијанскиот фудбалски стручњак Алесио Лиши е назначен за нов тренер на Осасуна, објави шпанскиот клуб.
Лиши потпиша договор со Осасуна до 30 јуни 2027 година. Италијанскиот стручњак го замени Висенте Морено, кој ја напушти Осасуна на крајот од сезоната во Ла Лига.
Клубот од Памплона ја заврши сезоната 2024/25 на деветтото место во Ла Лига.
Лиши ја започна својата тренерска кариера во Леванте, а е на чело на Мирандес од 2023 година. Италијанскиот стручњак оваа сезона со Мирандес стигна до финалето од плејофот за промоција во Ла Лига.
Сепак, Мирандес не успеа да се квалификува за Ла Лига, откако го победи Овиедо со 1:0 во првиот натпревар од финалето на плејофот, а потоа загуби со 1:3 во реваншот.