Италијанецот Скалвини ќе го менува Алаба во Мадрид

Европските гиганти се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Скалвини иако има само 20 години веќе стора сезона е стандаеден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација. Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.
Може да игра како централен дефанзивец и бек, а европските гиганти веќе подолго време ги следи неговите настапи.
Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе Италијанецот во јануари, бидејќи е во потрага по нов дефанзивец.