Италијанската фудбалска федерација потпиша договор со Адидас

Фудбалската федерација на Италија објави дека потпишала долгорочен договор за партнерство со спортскиот гигант Адидас.
Германската компанија ќе обезбеди опрема за сите репрезентации, во сите категории, а договорот ќе стапи на сила на 1 јануари 2023 година.
„Многу сме горди што можеме да го објавиме нашето партнерство со Адидас. Оваа соработка е многу важен чекор во нашиот развој и ќе го направи брендот попопуларен како во Италија така и во странство“, изјави претседателот на федерацијата Габриеле Гравина.
И од Адидас соопштија дека се многу задоволни од новото партнерство, бидејќи Италија е следната голема федерација која ќе ги користи услугите на брендот после Германија, Шпанија, Аргентина и Белгија.
Досега Италија носеше спортска опрема од брендот Пума.