Италијанските гиганти го сакаат Патино од Арсенал
Јувентус, Интер и Милан го посакуваат малдиот фудбалер на Арсенал, Чарли Патино, кој сега игра како позајмен во Свонси.
Играчот од средниот ред кој е роден во Вотфорд во 2003 година, никогаш не играл надвор од Англија а бил дел од сите помлади категории на репрезентацијата на „Гордиот албион“.
Неговата позајмица во Свонси истекува на лето и тој ќе се врати во Арсенал. 20-годишниот играч за врска се проценува на околу 10 милиони евра.