Италијанските гиганти ја сакаат младата ѕвезда на ПСВ Ајндховен

Милан, Јувентус и Интер покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВ, Донјел Мален. Овој 22 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација. Мален се промовираше во еден од најдобрите холандски таленти и на лето сигурно ќе направи трансфер во поголем клуб. Неговиот агент Мино Раиола веќе имал контакти со италијанските гиганти, кои сакаат да го донесат во своите редови. Напаѓачот во договорот со ПСВ има откупна клаузула од 50 милиони евра, но клубовите ќе се обидат да ја намалат цената.