Италијанското обвинителство за фудбал бара одземање на 11 бодови на Јувентус
Обвинителството за фудбал во Италија побара Јувентус да биде казнет со одземање на 11 бода во Серија А, после најновото сослушување околу нерегуларностите во клубот од Торино.
Најновото барање на обвинителството доаѓа после претходната одлука за одземање на 15 бодови на Јувентус во јануари, која потоа беше отфрлена од највисокото спортско тело во Италија кое побара ново сослушување.
Одлуката на судот се очекува да биде изречена во текот на денот. После објавата за можното ново одземање на бодовите, акциите на „бјанконерите“ на миланската берза доживеаа пад од речиси 4.9%.
Во првенството на Италија, на Јувентус до крајот за одигрување му остануваат уште три натпревари, а во моментот екипата е на втората позиција со 69 бода.