Италија воведува Ф4 на Суперкупот од следната сезона

Серија А го одобри новиот формат за Италијанскиот Суперкуп, во кој од 2024 ќе се игра слично како и во шпанскиот фудбал, односно „фајнaл-фор“.
Италијанската фудбалска федерација решила да го прифати шпанскиот модел, па наместо еден натпревар, ќе биде организиран мини турнир со четири клуба. Покрај шампионот и победникот во Купот, учество ќе обезбедат и второпласираниот тим во Серија А, односно финалистот на Купот.
Интер ќе ја брани титулата, откако со 3-0 го совладаа Милан во Суперкупот во јануари во Ријад, Саудиска Арабија.