Италија потврди: Рим ќе го отвори ЕП со гледачи на трибините
Италијанската влада дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско фудбалско првенство во текот на летото. Тоа значи дека Рим е деветтиот град што ќе овозможи на трибините да има ограничен број на фанови или 25 проценти да биде исполнет капацитетот на стадионот. Претходно тоа со направија: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург. УЕФА им остави простор на Билбао, Даблин и Минхен да одговорат до 19 април дали ќе дозволат фанови на трибините, во спротивно, може да бидат одредени нови градови-домаќини за натпреварите на континеталниот собир.