Италија ја совлада Полска и стана нов светски првак во одбојка

Одбојкарите на Италија ја победија Полска синоќа во Катовице со 3-1 во финалето на Светското првенство.


Натпреварот започна како што очекуваа домашните навивачи со победа во првиот сет на полските одбојкари со 25-22. Италијанците не се предадоа и со целосен пресврт го добија финалето. Во вториот сет беше 25-21, во третиот 25-18, во четвртиот 25-20.

Ова е прв трофеј за Италија на Мундијалите по пауза од 24 години. Претходно тие победија во 1998, исто како и во 1990 и 1994 година. Во натпреварот за бронзениот медал, Бразил ја совлада Словенија со 3-0, по сетови 25-18, 25-18, 22-25 и 25-18. Мундијалот во Полска и Словенија се играше од 26 август до 11 септември.