Итан Нванери доби нов договор во Арсенал

Премиерлигашот Арсенал и 18-годишниот Итан Нванери го продолжија договорот до 2030 година.

Крилниот напаѓач постигна 4 гола и имаше 2 асистенции во Премиер лигата минатата сезона. Со ова Арсенал покажува дека во Итан Нванери гледа перспектива на клубот. Лондонскиот клуб официјално објави дека потпишал долгорочен договор со 18-годишниот крилен напаѓач. Според Фабрицио Романо, договорот е на пет години.

Итан Нванери минатата сезона одигра 26 натпревари од Премиер лигата, со просек од 34 минути по натпревар.