ИХФ го круниса Гидсел за ракометар на годината

ИХФ ги прогласи најдобрите играчи во машка и во женска конкуренција за изминатата 2023 година. Наградата за најдобар ракометар му припадна на данскиот репрезентативец и член на Фуксе Берлин, Матијас Гидсел.

25-годишниот ракометар минатата година ја освои ЕХФ Европската лига, а потоа на Супер Глоуб загуби во финалето од Магдебург. Најдобра ракометарка е Хени Рејштад од националниот тим на Норвешка и на Есбјерг. Таа го освои сребрениот медал за Норвешка на минатото ЕП, а беше и втор најдобар стрелец на првенството со 52 гола.

Елиас Елефсен Скипаготу е прогласен за најдобар млад ракометар. Станува збор за репрезентативец на Фарските Острови кој игра за Кил. За најдобра млада ракометарка е прогласена Лена Грандво од Франција, членка на Нант.