Ињаки Пења: Тренерот инсистира одбраната да стои високо и да лови офсајд стапици
Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Сантијаго Бернабеу“ во првото Ел Класико оваа сезона. Со оваа победа, екипата на Ханси Флик се одвои на врвот на табелата со предност од шест поени пред составот на Карло Анчелоти.
Голманот Ињаки Пења зборуваше за офсајд-стапиците на Барса, кои ги воведе тренерот Флик.
„Тоа е едно од барањата на тренерот. Тој инсистира да не ја спуштаме линијата ниско, особено против екипи со силни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кои ги фативме играчите на Реал”, истакна голманот на Барселона.