Иџе награден на церемонијата на ФИА во Љубљана

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе се најде меѓу европскиот крем на возачи на настанот во Љубљана кој го организираа словенечката метропола и сојузот на возачи, со цел да бидат наградени најдобрите на европското ФИА првенство на брдски патеки.
Стефановски беше најдобар оваа година во неговата ФИА група 1 и доби признание кое го прими пред присутните и доби аплауз за постигнатото.
Новата сезона на брдските патеки се отвора на 13 април во Франција, а по 11 извозени трки традиционално крајот како и на секоја година е во Бузет, Хрватска, на 21 септември.