Иџе победи на почетокот на новата сезона во ФИА Европскиот шампионат

Нашиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе, кој со победа на трката во Франција ја започна новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, вели дека условите на патеката биле крајно лоши.

„Ова е една од најтешки трки која сум ја возел. Врнежливото време и маглата создаваат невозможни услови за возење. Во мојата група сум прв, но не можам да се радувам, затоа што моите најголеми конкуренти имаат стравотни излетувања и ги искршија своите возила“ – вели Иџе.

„И јас имав мало излетување но, за среќа не го оштетив возилото многу. По моето возење организаторот одлучи да ја прекине трката, поради лошите временски услови. Ние завршивме први, но ова е трка која посакувам да не се повтори“ – изјави Стефановски кој вози специјално дизајниран Ферари 488 B8.