И Барселона е заинтересирана за Гимараеш од Њукасл

Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за доведување на играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.
Според плановите на каталонскиот клуб, Гимараеш би можел да биде замената за Серхио Бускетс кој на крајот од сезоната ќе го напушти тимот.
Бразилскиот фудбалер е член на Њукасл од јануари 2022 година кога за 40 милиони фунти пристигна од Лион. Гимараеш досега во црно-белиот дрес одигра 27 натпревари и постигна седум голови и три асистенции.