И Швајнштајгер се восхитува на нашите репрезентативци!

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа одличен натпревар, не се уплашија од големиот фаворит и целосно заслужено стигнаа до победа. Македонија поведе во судиското надополнување од првото полувреме со голот на Пандев, а Германија израмни во 63. минута со голот на Гундоган од пенал. Победата на Македонија ја осигура Ељиф Елмас на пет минути пред крајот, по одличната асистенција на Аријан Адеми. „Секоја чест на македонија. Против нив беше досуден несреќен пенал, а за нив не беше досуден чист пенал. Тие дечки сепак на гости го победија четирикратниот светски шампион. Капа долу.“ – напиша Бастијан Швајнштајгер на својот Твитер профил.