Кавадарци домаќин на Суперкупот на Македонија во ракомет

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на почетокот на септември ќе се борат за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
Традиционално ракометните возбудувања во Македонија започнуваат со Суперкупот, кој оваа година ќе се игра во Кавадарци.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извести клубовите за местото каде ќе ја водат новата битка, а салата „Јасмин“ за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен спектакл.
Натпреварот е закажан за на трети септември, а РФМ дополнително ќе извести за терминот и судиите кои ќе ја делат правдата на ова дерби.