Кавани заминува од Манчестер Јунајтед
Новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил објави дека папаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ на лето и би можел да се приклучи на тим од шпанската Ла Лига.
Уругвајскиот репрезентативец ќе си замине како слободен играч откако договорот му истекува на 30 јуни. Оваа сезона Кавани има скромно учество во тимот на Јунајтед, и има забележано само 17 натпревари, на кои постигна само два гола и даде една асистенција.
Кавани во својата кариера има настапувано за Париз Сен Жермен, Наполи и Палермо.