Кавани конечно најде нов клуб?
Шпанскиот спортски весник „Ас“пренесува дека уругвајскиот фудбалски репрезентативец Едисон Кавани, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Виљареал.
35-годишниот Кавани во моментот е без ангажман бидејќи пред неколку месеци му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Според информациите, менаџерите на уругвајскиот фудбалер стапиле во контакт со претставници на Виљареал околу дефинирање на можниот трансфер.
Кавани пред Манчестер Јунајтед има настапувано за ПСЖ, Наполи, Палермо.