Кавани нема да добие нов договор, заминува по една сезона од „Олд Трафорд“
Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок го ангажираше Единсон Кавани со кого се согласи на договор од една година кој може да биде продолжен на уште една дополнителна сезона. Уругваецот одлично се снајде на „Олд Трафорд“ и веднаш почна да постигнува голови, меѓутоа од Манчестер Јунајтед се уште не донеле конечна одлука за тоа дали ќе го остават искусниот играч во клубот и за следната сезона. Кавани има шест погодоци во седум стартови кои ги има во најсилната англиска лига и многумина сметаат дека искусниот голгетер заслужува продолжување на договорот. Сепак, од Јунајтед засега се „неми“ по ова прашање и се уште не размислуваат да ја повлечат клаузулата за продолжување на договорот на Кавани.