Кавани прва опција за нападот на Барса во јануари

Шпанските медиуми објавија дека ветеранот, Единсон Кавани, сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Барселона.

Уругваецот е подготвен да прифати помала плата од таа што ја добива на „Олд Трафорд“ само за да го облече дресот на Каталонците. Новиот тренер на фудбалерите на Барса, Чави Ернандез, сака да купи најмалку еден нов голгетер во јануарскиот преоден рок.

Сепак, конечниот збор околу Кавани кој е во процес на рехабилитација ќе го има новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.