Кадетите вторпат поразени на Европското првенство

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на ЕП во Србија откако во натпреварот од второто коло загуби од Франција со 36-25.
Најефикасни во македонскиот состав беа Бобан Поповски со шест голови, Лука Јовиќ постигна пет, а Горазд Дамчевски четири.
Следува слободен ден на шампионатот, а Македонија на 1 август ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза против селекцијата на Шведска.