Кадетите ги совладаа Фарските Острови и обезбедија Мундијал

Младата ракометна репрезентација на Македонија од 18 години, забележа нова победа на Европскиот шампионат во Србија.

Во првиот меч на стартот на разигрување за пласман од 9 до 16 место, македонските кадети славеа против Фарските острови со 34-32. Избраниците на селекторот, Кузмановски, главно ја контролираа играта и сосема заслужено дојдоа до значајна победа.

Со неа, Македонија си обезбеди место на наредното Светско првенство.