Кадетите го загубија и третиот натпревар на ЕП во Белград

Ракометната селекција до 18 години го претрпе и третиот, пораз на ЕП во Белград. Во натпревар кој директно решаваше за третото место во А групата, подобра од Македонија беше селекцијата на Шведска која го доби натпреварот со 29-33.
Од самиот старт противникот ја наметна својата игра и го отвори натпреварот со три врзани голови (0-3), на кои македонските јуниори не успеаја да одговорат.
Шведска ја контролираше играта и во продолжението, фала неколку наврати имаше и најголеми шест голови предност. Сепак македонските јуниори со серија од 4 гола на полувреме замина со негатива од два гола 16-18.
Во продолжението на првенството избраниците на селекторот Горан Кузмановски ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.