Кадетите со победа над Турција го завршија Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја совлада Турција со 29-27 и ја забележа втората победа на Европското првенство кое се игра во Белград.

По убедливиот триумф над Италија, македонските млади ракометари денеска беа подобри од Турција.

Македонија беше голем фаворит во овој меч, се очекуваше и поубедлива победа, но важно е што дојдовме до триумф.

Турците беа подобри во првото полувреме кое го добија со 15-13, во вториот дел го свртевме резултатот во наша полза и го добивме мечот со 29-27.

Најдобар во нашиот состав беше Бобан Поповски со девет голови, Горазд Дамчевски постигна седум.