Кадриу се врати во Работнички

Еден од македонските претставници во фудбалска Европа ова лето, Работнички вчера замина за Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки.

Составот на Бојан Маркоски ќе одигра два пријателски натпревари, на 24 јуни против Партизани Тирана во Струга (17.30 часот) и на 27 јуни против Балкани во Охрид (16 часот). Од Работнички вчера го потврдија и новото засилување, Флоријан Кадриу, кој потпиша договор на 1+1 година со Работнички.