Каиседо моли на социјалните мрежи за да премине во Арсенал
Брајтон веќе одби две понуди од Арсенал за Моисес Каиседо па сега фудбалерот одлучи преку Инстаграм да направи притисок на својот клуб.
Арсенал сака да се засили со 21 годишниот фудбалер, но проблемот е во тоа што Брајтон не сака да го пушти за сума пониска од 70 милиони фунти. Арсенал сака да го доведе прво на позајмица и да види како играчот ќе се снајде, па потоа на лето да го откупи.
„Јас сум горд што можам на Брајтон да му обезбедам рекорден трансфер што ќе овозможи вложување во иднината на клубот.
Навивачите ме имаат во нивното срце и тие секогаш ќе бидат кај мене во срцето, но се надевам дека ќе ме разберат зошто сакам да ја искористам оваа голема прилика (трансферот во Арсенал“, гласи пораката на Каиседо.
По оваа порака фудбалерот добил порака од Брајтон да не доаѓа на тренинзите до завршувањето на зимскиот преоден рок.