Кака ќе биде „десна рака“ на Анчелоти на кормилото на бразилската репрезентација

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти наскоро официјално ќе биде назначен за нов селектор на Бразил, а медиумите во оваа јужноамериканска држава тврдат дека тој веќе го посочил човекот кој сака да му биде асистент во националниот тим.

Станува збор за поранешниот фудбалер на Реал и легенда на бразилскиот фудбал Кака кој нема тренерско искуство, но добро ги познава играчите и може да му биде од голема помош. Анчелоти му беше тренер на Кака и во Милан и во Реал, заедно имаат 270 натпревари и уживаат голема доверба еден кон друг.