Како Франција ги прекрши правилата поради Ѓоковиќ и Надал (видео)
Видовме бизарни сцени во четвртифиналето на Роланд Гарос во текот на мечот помеѓу Ѓоковиќ и Беретини. Ѓоковиќ славеше со 3:1 и така избори полуфинале со Надал, но необична ситуација се случи во четвртиот сет, кога судијата го прекина мечот откако навивачите на трибините одбија да го напуштат стадионот.
Причина поради која организаторите бараа празнење на трибините е полицискиот час, кој во Париз поради пандемијата на коронавирусот стапува на сила од 23 часот.
Половина час пред стапувањето на полицискиот час, службениот спикер побара од гледачите да ги напуштат трибините, на што тие одговорија со песна. Ни по десетина минути не сакаа да заминат, па мечот беше прекинат во 22.47 часот, додека трибините не се испразнат.
Полицискиот час во Париз стапи на сила, но синоќа во текот на полуфиналето помеѓу Ѓоковиќ и Надал организаторите сепак се одлучија да „замижат“ и да ги прекршат правилата и законите. Одлучија да ги задржат гледачите на трибините, како до крај би можеле да уживаат во еден од најголемите тениски натпревари на земја одигран било кога.
Во моментот кога еден од главните лица на Роланд Гарос прогласи дека нема да мораат да заминат навивачите, низ целиот стадион се слушна громогласно воодушевување.