Калатес ги „пакува куферите“ од Фенербахче
Ник Калатес ќе си замине од Фенербахче откако турскиот гигант го избра Шарунас Јасикевичиус за нов шеф на стручниот штаб.
Грчкиот плејмејкер водеше војна со овој тренер додека двајцата беа дел од Барселона, конфликтот резултираше со негов трансфер во Фенербахче, а ветеранот не можеше ни да помисли дека Јасикевичиус ќе пристигне во Истанбул.
Калатес беше пред заминување и во текот на летото, тогаш реши да остане и да се бори за минутажа кај Итудис, но на ветеранот му е јасно дека тоа е невозможна мисија со доаѓањето на Јасикевичиус и се очекува најдоцна до крајот на годинава да си замине од Фенер.