Калин Ивановски го освои првиот турнир во кариерата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра уште еден одличен натпревар и триумфираше во финалето на ИТФ-фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

Нашиот тенисер оствари одличен успех со освојувањето на овој турнир откако во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Кијеметовиќ со 4-6, но подоцна следуваше целосно враќање во натпреварот на Калин Ивановски кој го доби вториот сет со идентични 6-4.

Решавачкиот трет сет му припадна на Ивановски кој со убедливи 6-1 успеа да дојде до победа на овој меч и турнир.