Калин Ивановски заради повреда ја заврши оваа тениска сезона

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно се соочува со проблем, затоа што предвреме ја заврши сезоната заради повреда.
21-годишниот ас нема да може да продолжи и ќе мора да мирува во следните месеци, за на терените во 2026 година да се врати подготвен.
„Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на заздравување и да се вратам посилен. Благодарност до сите за поддршката“, изјави Калин Ивановски.
Македонецот во моментов се наоѓа на 799 место на АТП-листата, а најдобриот ранкинг му е 305 место во 2023 година.