Камавинга доби нов договор, останува до 2028 година на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид во овој период работи на продолжување на договорите на своите фудбалери, а сега на ред дојде Едуард Камвинга.
Според најавите, Французинот ќе потпише договор со важност до 2028 година. Се открива и откупната клазула во него која наводно ќе изнесува една милијарда.
Ваква клазула се најавуваше и во договорот на Винисиус Жуниор, па јасно е дека Реал на Камвинга гледа како на еден од своите најважни фудбалери за во иднина.
Покрај откупната клазула Камвинга ќе има и поголема плата од сегашната. Во Мадрид пристигна од Рен пред две години и веќе одигра 63 натпревари за „кралевите“.