Камавинга започна да тренира, наскоро се враќа на терените

Едуардо Камавинга следната недела ќе почне да тренира со соиграчите од Реал Мадрид, соопшти тренерот на европскиот клупски шампион Карло Анчелоти.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид е повреден од натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал и Аталанта во средината на август, каде победи Реал Мадрид со 2:0.

„Тој се чувствува добро и е многу важен за нашиот тим. Преку него ќе можеме да ротираме во нашиот среден ред. Очекувам Камавинга да продолжи со тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија денес.

21-годишниот француски репрезентативец првично требаше да паузира најмалку шест недели. Реал Мадрид е домаќин на Еспањол во натпревар од Примера во сабота навечер.